Во тек е акцијата за чистење на Скопје
Во тек е генералката на метрополата, но метрополата по тешките недели преплавена со смет сè уште е далеку од новото руво. Градоначалникот имаше средба и со превозниците. Најави дека од понеделник во оптег ќе се пуштат 55 автобуси за скопјани кои сериозно ќе влијаат на подобрување на јавниот транспорт во главниот град...

Во тек е генералката на метрополата, но метрополата по тешките недели преплавена со смет сè уште е далеку од новото руво. Големата акција почна вчера со над 100 возила, ќе продолжи и по истекот на 72 – та часа, најави скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски. Градоначалникот имаше средба и со превозниците. Најави дека од понеделник во оптег ќе се пуштат 55 автобуси за скопјани кои сериозно ќе влијаат на подобрување на јавниот транспорт во главниот град.
Од пред арената „Борис Трајковски“, известува Ана Јосифовска.
