Сајбер безбедност

Центар за побезбеден интернет и во Македонија

08.11.2025 16:53

Продолжуваат интернет измамите како и сајбер булингот меѓу младите. Опасностите стануваат се поголеми. Факултетот за информатички и комуникациски технологии при УКЛО во соработка со Министерството за дигитална трансформација подготвуваат Центар за побезбеден интернет по примерот на други европски земји.

Сајбер булинг, сајбер груминг, интернет заканите на малициозен софтвер земаат замав. Лажните профили ги фаќаат во замка корисниците на социјални мрежи, а лажни реклами и попусти ги празнат џебовите на корисниците. Студентот Валентин Стојановски смета дека интернетот станува преопасен.

Младите, родителите, но и наставниците мора да се едуцираат во насока на препознавање на интернет заканите, рече деканот на ФИКТ при УКЛО кој го најави проектот МК Сејф-нет кој има за цел воспоставување на центар за побезбеден интернет по примерот на другите европски земји.

Центарот за побезбеден интернет се очекува да стартува идната година.

Раководител на проектот е Министерството за дигитална трансформација.

Ружица Ѓоршевска