Конституиран Советот на Град Скопје, првата седница в понеделник
Советот на Град Скопје го сочинуваат 18 советници од ВМРО-ДПМНЕ, по 6 советници од НАИ, ВРЕДИ и Левица, по еден советник од движењето ЗНАМ и Искуство за успех и двајца независни советници.

Советот на Град Скопје доби нови 44 советници. При верифицирањето на мандатите еден советник од ВМРО-ДПМНЕ, Филип Јаневски беше отсутен, а Мартин Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој стана пратеник во републичкото Собрание, беше заменет со Никола Стојковски. Со 23 гласа „ЗА“, професорот Даме Димитровски беше избран за нов претседател на Советот.
На седницата со која претседаваше најстариот советник, Ристо Пенов, се случи и прва реакција на советниците за изборот на Димитровски за претседател на Советот.
Советот на Град Скопје го сочинуваат 18 советници од ВМРО-ДПМНЕ, по 6 советници од НАИ, ВРЕДИ и Левица, по еден советник од движењето ЗНАМ и Искуство за успех и двајца независни советници.
Седница на Советот на Град Скопје ќе се одржи во понеделник.
Ирина Гелевска
