Здравство
Бактериско-вирусни инфекции кај децата ги полнат амбулантите
07.11.2025 15:13
Зголемена фреквенција на деца во амбулантите во Козле. До 150 прегледи за 24 часа. Бактериско – вирусни инфекции причина. Нема регистрирани со грип, само еден случај РСВ вирус.

Покачена температура, растечен нос, кашлање, бактериско-вирусни инфекции кај децата ги полнат амбулантите во клиниката „Козле“. Грип сè уште не е регистриран. Лекарите имаат од 120 до 150 прегледи за 24 часа, далеку се од онаа бројка над 200 како што се случува во пикот на грип.
Директорката на Клиниката Катерина Бошковска, вели вакцината против сезонски грип би ги заштитила децата со кревко здравје.
Во моментот педесетина деца се на болничко лекување, Бошковска вели, ги има од сите возрасти.
Наташа Јанчиќ - Менковски
