За шест месеци градски воз од Зелениково до Скопје
Почнува првата фаза за реализација на градскиот воз од Зелениково до Железничката станица, за целосна реконструкција и надградба на постоечката траса, увид во градежните активности изврши премиерот Мицкоски...

Од Зелениково до Скопје со градски воз за 25 минути. Се најавуваат нови траси, ремонт на пругите за побрз и почист сообраќај. Првата фаза опфаќа реконструкција од 24,5 километри пруга, со седум железнички станици кои ќе овозможат побрз, поефикасен и поеколошки транспорт.
Покрај патничкиот превоз, се работи и на делницата Драчево-Илинден, долга 7,7 километри, исклучиво за товарен сообраќај. Вредноста на проектот изнесува три милиони евра, а реконструкцијата на пругата од Зелениково до Скопје чини 5,7 милиони евра.
И двете делници се очекува да бидат завршени за шест месеци, со цел да се подобри логистиката и да се растовари патниот сообраќај.
Во 2026 година се планира изградба на втората траса од Волково до центарот на Скопје, а до 2027 и делницата Миладиновци-Илинден-Скопје. Целта е да се создаде мрежа на градски возови кои ќе го олеснат движењето на граѓаните.
Борис Грујоски
