Владини повереници во четирите општини каде што не се избрани градоначалници во првиот круг од локалните избори
Според премиерот со коалиционите партнери сè уште не се разговарало. Ќе се чека Државната комисија и официјално да ги прогласи изборите за завршени. Нови избори поради недоволен цензус ќе има во Гостивар, во Маврово и Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа...

Владата ќе именува повереници во четирите општини каде што не се избрани градоначалници во првиот круг од локалните избори. Според премиерот со коалиционите партнери сè уште не се разговарало. Ќе се чека Државната комисија и официјално да ги прогласи изборите за завршени. Нови избори поради недоволен цензус ќе има во Гостивар, во Маврово и Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа.
Мицкоски најави дека сè уште не разговарал со коалиционите партнери и за тоа кој ќе го замени новиот градоначалник на Чаир Меџити, на вицепремиерското место во Владата но и во Министерството за животна средина.
