Триесет дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, за едно лице одреден куќен притвор
Сите се сомничат за давање поткуп и награда за противзаконито влијание. Извршени се претреси на повеќе локации, под сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа, при што се пронајдени парични средства во значителна вредност.

На четворица осомничени за давање и примање поткуп, меѓу кои и на актуелниот директор на Aгенцијата за финансиска поддршка во земјодeлството, скопскиот Кривичен суд им одреди мерка притвор од 30 дена. Петтоосомничената доби куќен притвор.
Сите се сомничат за давање поткуп и награда за противзаконито влијание. Извршени се претреси на повеќе локации, под сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа, при што се пронајдени парични средства во значителна вредност.
Од СДСМ со низа обвинувања, бараат одговорност. Министерот за земјоделство Трипуновски со поддршка на иституциите да го истражат случајот докрај и да се санкционираат оние кои го прекршиле законот.
