Македонија

„Марш на ангелите“ попладнево во Кочани

08.11.2025 09:07

На 19-ти ноември во судницата во затворот Идризово почнува судскиот процес за трагедијата во Кочани. На обвинителна клупа ќе седнат 34 лица, коишто ќе одговараат за тешки дела против општата сигурност.

Попладнево во Кочани „Марш на ангелите“, на семејствата и роднините на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“, пред 8 месеци.

Ова не е протест, туку мирен марш за правично судење, за да потсетиме дека зад секој „број“ стои име, живот, семејство и болка. Нашата порака е едноставна, но длабока-за нашите деца, за вистинска правда, за Македонија со совест, велат родителите.

Потенцираат дека сакаат да покажат дека ова општество не молчи пред неправдата и дека постои народ што не се откажува од вистината.

На 19-ти ноември во судницата во затворот Идризово почнува судскиот процес за трагедијата во Кочани. На обвинителна клупа ќе седнат 34 лица, коишто ќе одговараат за тешки дела против општата сигурност.

Во пожарот на 16-ти март загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Родителите најавија дека ќе го следат судењето и за како што истакнуваат, да потсетат дека секоја пресуда мора да се темели на вистината, а не на заборавот.