Свет

Трамп со исклучок за Унгарија од санкциите за руските енергенси

08.11.2025 09:30

Будимпешта претходно го соопшти својот став дека сака да биде ослободена од санкциите, бидејќи според нејзините тврдења, нема друг одржлив извор за набавка на нафта и гас.

По средбата со унгарскиот премиер Орбан во Белата куќа, американскиот претседател Трамп сугерира оти би можел да направи исклучок со Унгарија во однос на санкциите што Вашингтон ги воведе на увозот на руска нафта.

Будимпешта претходно го соопшти својот став дека сака да биде ослободена од санкциите, бидејќи според нејзините тврдења, нема друг одржлив извор за набавка на нафта и гас.

Орбан, чии критичари во Европската унија сметаат дека е многу близок до Путин, изјави дека сака да ги возобнови плановите за средба меѓу Трамп и рускиот претседател, која според негово убедување би можела да донесе крај на војната во Украина.

Според него, западот не е единствен по прашањето за Украина, додавајќи дека само американската и унгарската влада се залагаат за мир.