Воен конфликт

Русија ги интензивира нападите врз енергетската инфраструктура на Украина

08.11.2025 11:03

Воведени се итни прекини во снабдувањето со електрична енергија во голем број региони, напиша на Фејсбук министерката за енергетика, Свитлана Гринчук.

Руската војска ги интензивира воздушните напади врз гасните централи и електраните низ Украина. Има загинати и повредени. И натаму главна цел е освојување на важниот логистички центар Покровск на истокот.

Воведени се итни прекини во снабдувањето со електрична енергија во голем број региони, напиша на Фејсбук министерката за енергетика, Свитлана Гринчук.

Во Киев, цивилните и воените власти објавија дека ракетните остатоци предизвикале пожари на две локации во централниот Печерски округ.