Свет
Турција издаде налози за апсење на Нетанјаху и уште 36 израелски функционери поради геноцидот во Газа
08.11.2025 13:15
Тел Авив експресно реагираше на одлуката на Анкара, нарекувајќи ја „пи-ар трик“.

Турција издаде налози за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и повеќемина функционери на Израел, обвинувајќи ги за геноцид и злосторства против човештвото во Газа.
Меѓу 37-те осомничени се министрите за одбрана и за национална безбедност и началникот на армијата.
Тел Авив експресно реагираше на одлуката на Анкара, нарекувајќи ја „пи-ар трик“.
Во меѓувреме во Газа владее кревко примирје што стапи во сила пред еден месец, како дел од поширокиот мировен план на американскиот претседател Трамп.
