Шпанија без Иниеста!
Еден од главните креатори на играта на шпанската фудбалска репрезентација, Андрес Иниеста нема да биде подготвен за дуелот против Македонија. Креаторот на Барселона поради повреда го пропушти дуелот од „Примера“ против Вилјареал, но нема да заздрави ниту за пријателскиот меч меѓу „црвената фурија“ и Франција, како и за натпреварот од квалификациите за ЕП 2016-та против Македонија.

Селекторот на Шпанија, Висенте дел Боске нема да повика друг фудбалер како замена за Иниеста, што значи дека 22-ца играчи ќе конкурираат за мечот против Македонија што ќе се одигра на 8 септември на стадионот на Леванте во Валенсија. Преносот ќе биде на МРТ1 во 20 и 45, со специјална емисија која почне половина час порано.