Еден месец од примената на ЕЕС системот за влез во ЕУ
Веќе еден месец како ЕУ, односно 29-те земји членки на Шенген зоната го применуваат новиот систем за регистрација на патниците кои влегуваат во овие држави. Пултови за електронско регистрирање има и на граничните премини кон Грција…

Речиси месец дена трае имплементацијата на новиот систем за регистрација на патниците што влегуваат во земјите членки на Шенген зоната. Кабина за регистрација со фотографирање и земање отисок од прсти на патниците има и на т грчкиот граничен премин Евзони. Работи по еден, до два часа. Но, од патниците кои ги анкетиравме, никој сè уште не беше регистриран во ЕЕС системот.
Туристичките работници ги информираат патниците за новите правила на граничните премин за влез во ЕУ. Засега немаат регистрирано проблеми.
Кабина за регистрација согласно новите правила на ЕЕС системот има и на граничниот премин Дојрани. И таму патниците се регистрираат по случаен избор.
Ване Трајков
