Политика

ЛДП бара измени во Изборниот законик

08.11.2025 18:37

Според предлогот, владините повереници не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа, со цел никој да нема нефер предност пред останатите кандидати...

По најавата од премиерот Мицкоски дека владата идната недела ќе назначи повереници во четирите општини кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија ќе бара измени во Изборниот законик.

Според предлогот, владините повереници не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа, со цел никој да нема нефер предност пред останатите кандидати, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.

Инаку, во собраниска процедура е предлогот на ЛДП за измени на Законот за локална самоуправа, за враќање на референдумското отповикување на градоначалници.