Дербито без драматика!
Иако почна возбудливо, третиот ден ан Светскиот куп или првенство во кошарка во Шпанија, заврши според предвидувањата. Освен победата на Сенегал против Хрватска немаше друго изненадување. Во истата Група Б, Аргентина се намачи, но ги совлада Филипини со 85:81, додека Грција рутински ја одработи третата победа и тоа против Порторико со 90:79. Грците се први со максимален ефект, Хрватска, Сенегал и Аргентина имаат по два триумфа и по еден пораз, додека сите мечеви досега ги загубија Филипини и Порторико.

Иста беше разврската и во Групата А. Србија славаше против Иран со 83:70, Франција беше сигурна против Египет со 94:55, додека Шпанија не дозволи дуелот со Бразил да биде дерби затоа што победи убедливо со 82:63. „Црвената фурија“ има стопроцентен ефект, Франција, Бразил и Србија биланс 2-1, додека Иран и Египет се на „нула“.
Третото коло ќе биде комплетирано со денешните натпревари. Во Групата Ц, Украина – Турција, САД – Нов Зеланд и Финска – Доминиканска Република. Содржината на сегментот Д ја сочинуваат Ангола – Мексико, Австралија - Литванија и Јужна Кореја – Литванија.