Свет

Во САД откажани илјадници летови

09.11.2025 11:04

Според податоците на федералната администрација за авијација, кризата е предизвикана од сериозен недостаток на контролори на воздушниот сообраќај, околу 3.500 помалку од потребното, поради блокадата и неплатените работни денови.

Илјадници летови се откажани низ САД поради блокадата на федералната администрација. Според прогнозите, ако ситуацијата се продолжи, бројот на откажувања може да се искачи и до 20 проценти од сите летови.

Според податоците на федералната администрација за авијација, кризата е предизвикана од сериозен недостаток на контролори на воздушниот сообраќај, околу 3.500 помалку од потребното, поради блокадата и неплатените работни денови.

Експертите предупредуваат дека дури и ако блокадата биде решена наскоро, ќе биде потребно време да се врати нормалниот распоред на летови, односно, „загубата на капацитет“ нема да исчезне преку ноќ.