Земјоделство
Привршуваат подготовките за откуп на тутунот
09.11.2025 13:22
Привршуваат подготовките за откупот на тутунот. Десет откупувачи треба да преземат околу 22.000 тони квалитетен род. Сушата го намали родот, но големи се очекувањата за цената поради квалитетот …

Јусуф Ибраими од долненско Житоше со нетрпение чека да почне откупот на тутунот. Има околу три и пол тони квалитетен род кој се надева ќе постигне повисока цена иако сушата ги намали приносите.
Законски, откупот почнува од 15-ти ноември и трае до 28-ми февруари. Од утре ќе почне верификација на мострите и 10-те откупувачи пунктовите треба да ги отворат по 17-ти ноември. Се очекува да се преземат околу 22.000 тони квалитетен род.
Од тутунопроизводството во земјава живеат преку 17.000 семејства.
Елизабета Митреска
