Менталното здравје-колективна одговорност
Зачестен број обиди за самоубиства. Статистиката на МВР потврдува дека е забележан нешто поголем број. Психолозите со совети, грижата за менталното здравје е колективна одговорност. За спречување, клучна соодветна реакција на блиските.

Психички нарушувања, лоша социо-економска состојба, семејни недоразбирања, но и намалувањето на сончевата светлина, падот на енергијата и изолацијата, се честите причини за да се посегне по сопствениот живот. Психолозите со совети, препознавањето и превенцијата се клучни. Укажуваат грижата за менталното здравје не е индивидуална одговорност, туку колективна, на семејството, заедницата.
„Да се зборува уште во рана возраст и во училиштата да се негува менталното здравје, исто како што се негува и физичкото здравје посебно кај децата повлекувањето да го гледаме нели што е нормално како развој на фаза во адолесцентниот период, но исто така бројките покажуваат алармантно зголемување на депресивните чувства кај адолесцентите и кај младите и треба да се реагира да се искористат сите ресурси на стручните лица, психолозите дали во школото, дали во други институции, приватни јавни здравствени институции да се побара помошта и да се реагира навреме“, советува Александра Милевска, дипломиран психолог и семеен и системски советник.
Според податоците на полицијата во Куманово од почетокот на годината досега се евидентирани 15 самоубиства, а пријавени 12 обиди.
Само во последниве две седмици се забележани дури пет случаи за обиди за одземање живот.
Анализите покажуваат и дека старосната граница во повеќето случаи е под 50 години. Но апелот на стручните лица е да не се трга погледот, туку да се упатат кај некој кој ќе може да им помогне, бидејќи за се има решение.
Елена Георгиевска
