Институт за јавно здравје

Поддршка за одвикнување од никотинската зависност

09.11.2025 15:52

Здравствени проблеми се најчестата причина поради којашто се бара помош. Доктор Петровски додава дека некои посегнуваат по електронските цигари за да го заштитат здравјето, но само се навлекуваат уште повеќе.

За една година стотици граѓани побарале помош од лекарите на Институтот за јавно здравје да се откажат од пушење цигари. Десет проценти од нив успеале да ја победат долгогодишната никотинска зависност, вели доктор Мартин Петровски.

Здравствени проблеми се најчестата причина поради којашто се бара помош. Доктор Петровски додава дека некои посегнуваат по електронските цигари за да го заштитат здравјето, но само се навлекуваат уште повеќе.

Петровски соработува со колеги од Белгија, вели податоците и нивното искуство покажуват дека зголемување на даноците за цигарите за 20 проценти ќе го намали бројот на консументите на тутун.

Според податоците на СЗО и ИЈЗ, речиси половина од возрасното население пушат цигари, најголем процент се на возраст од 18 до 45 години.

Бројките покажуваат и дека две третини од активните пушачи имале само еден обид за откажување, мал процент од нив имале по неколку обиди, но неуспешни.

Лекарите на ИЈЗ, на телефонскиот број 078 285 873, секој понеделник и среда се достапни за сите граѓани коишто сакаат да се откажат од никотинската зависност.

Наташа Јанчиќ-Менковски