Без одбојкарски изненадувања!
Мирен трет ден на Светското првенство во одбојка Полска во мечевите од стартното коло во Групите Б и Ц. Фаворитите остварија победи, не е неочекуван ниту триумфот на Финска против Куба со 3:2 со оглед на тоа што Кубанците ја подмалдија репрезентацијата. Ви стата конкуренција Ц, светскиот првак Бразил беше убделив против Германија со 3:0, а Јужна Кореја со 3:1 славеше против Тунис.

Во сегментот Б, максимални победи остварија Русија против Канада и Бугарија во дуелот со Мексико. Во четири сета, Кина беше подобра од африканскиот првак, Египет.
Второто коло денеска ќе стартува со дербито од групата А меѓу Србија и Аргентина во 13 часот. Во 20:15, незгодната Австралија ќе му се спротувстави на домаќинот Полска, а меѓу овие два дуела во салата во Вроцлав ќе играа аутсајдерите Венецуела и Камерун.
Две суперинтересни пресметки ќе донесе денешната програма во Краков во рамките на Групата Д. Тројниите олимписки шампиони САД ќе играат против азискиот првак Иран кој во првото коло ја совлада Италија. Натпреварот почнува во 13 часот. Во вечерниот термин, Италија која има три мундијалски злата ќе ја бара првата победа против Франција, додека во 16 часот и 30 минути ќе играат Белгија и Порторико.
По четири репрезентации од секоја од четирите групи ќе обезбедат пласман во втората фаза, којашто ќе се игра по ист принцип, секој со секого, во двете ново формирани конкуренции.
Натпреварите од Светското првенство во одбојка во Полска ќе се емитуваат ексклузивно на Македонската телевизија.