ЈУГОИСТОЧНА АЗИЈА

Супертајфунот „Фунг-вонг“ го погоди североисточниот брег на Филипините

10.11.2025 08:31

Најмалку две лица загинаа, а повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од областите каде што постои ризик од ненадејни поплави и лизгање на земјиштето...

Со налет на ветер од 230 километри на час, супертајфунот „Фунг-вонг“ го погоди североисточниот брег на Филипините пред да стигне до копното. Најмалку две лица загинаа, а повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од областите каде што постои ризик од ненадејни поплави и лизгање на земјиштето.

Филипините сè уште се справуваат со пустошот предизвикан од тајфунот Калмаеги, кој зеде над 200 жртви во централните провинции, пред да го погоди Виетнам, каде што загинаа најмалку петмина.