Авиосообраќајот се уште во застој

19.12.2013 10:00

Авионскиот сообраќај на аеродромот „Александар Велики“, кој од вчера е во застој ...

Авионскиот сообраќај на аеродромот „Александар Велики“, кој од вчера е во застој поради временските услови, се очекува да се нормализира од денеска напладне.
Од Аеродромот потврдуваат дека ќе слета авионот од Дубаи.
Утрово нема ниту полетувања ниту слетувања. Откажани се летовите кон Загреб и Истанбул. Откажано е и слетувањето од  Истанбул. Вчерашните летови од Виена и од Ајнховен беа пренасочени кон Софија, а од Цирих, Диселдорф и Љубљана кон Охрид.
Иако синоптичарите очекуваа маглата да се крене од аеродромот во Скопје по 11 часот, последните информации велат дека пистата и натаму останува затворена за авиосообраќај.