САД

САД: Направен прв чекор кон деблокада на владата

10.11.2025 08:58

Претседателот на САД верува оти тековната блокада на владата се приближува кон крајот...

Сенатот го направи првиот чекор за прекин на затворањето на американската влада, откако група умерени демократи се согласија да гласаат за унапредување на три двопартиски закони за трошење и продолжување на остатокот од владиното финансирање до крајот на јануари, во замена за гласање во средината на декември за продолжување на даночните кредити за здравствена заштита.

„На ова гласање, 60 гласа „за“, а 40 „против“. Три петтини од Сенатот, уредно избрани и со заклетва одлучиле позитивно. Предлогот, по повторно разгледување, е одобрен“, изјави Сенатор Џон Хастед, републиканец од Охајо.

Претседателот на САД верува оти тековната блокада на владата се приближува кон крајот.

„Изгледа дека сме многу блиску до крајот на затворањето. Никогаш не се согласивме на ова. Не знаеме со сигурност“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Договорот, исто така, вклучува и отповикување на масовните отпуштања на федерални работници од страна на администрацијата на Трамп и ќе обезбеди федералните работници да ги добијат заостанатите плати. Околу 1,25 милиони федерални работници не се исплатени откако блокадата започна на први октомври.