Култура

„Впечатоци од Шпанија“ во Салон 19 19

10.11.2025 20:43

Концертот ќе се одржи во Салон 19 19 (Културно-информативен центар) со почеток во 20 часот, а влезот е слободен.

На 14 ноември (петок), во рамки на фестивалот Есенски муизички свечености, љубителите на класичната музика ќе можат да го проследат концертот „Впечатоци од Шпанија“, со Миреиа Пинто – мецосопран и Владислав Броневецки – пијано, двајца истакнати уметници од Шпанија.

Концертот ќе се одржи во Салон 19 19 (Културно-информативен центар) со почеток во 20 часот, а влезот е слободен.

„Впечатоци од Шпанија“ претставува уметничко патување низ музиката на европските композитори, инспирирани од ритамот, страста и колоритот на шпанските танци, гитарските ефекти и хармониите што ја доловуваат душата на Иберија.

Настанот се реализира во соработка со Skopje Classic.