Концерт на кларинетистот Васко Дуковски со Македонска филхармонија
Васко Дуковски е македонски кларинетист, композитор и педагог од исклучителен светски уметнички калибар. Настапува во големите концертни сали во светот, од Њујорк до Шангај.
По концертот во „Музикферајн“ во Виена, оркестарот на Македонската филхармонија се враќа на својата матична сцена, на која во четврток, со почеток во 20 часот ќе настапи заедно со македонскиот кларинетист Васко Дуковски и диригентот Марк Кадин од Украина. На програмата се суитата „Музички вечери“ од Бенџамин Бритн, Интродукција, Тема и варијации за кларинет и оркестар од Џоакино Росини и Симфонијата бр. 41 во Це-дур, К. 551 – „Јупитер“ од В.А. Моцарт.
Васко Дуковски е македонски кларинетист, композитор и педагог од исклучителен светски уметнички калибар. Настапува во големите концертни сали во светот, од Њујорк до Шангај. Како истакнат педагог, Дуковски моментално е Специјално назначен професор по кларинет на Универзитетот за уметности во Нанџинг (Nanjing University of Arts) во Кина. Предавал на Квинс Колеџ (Queens College), Џулијард (The Juilliard School), на Летниот камп Усдан (USDAN) и е чест гостинуметник на многубројни меѓународни фестивали, одржувајќи и бројни мастер часови и предавања. Како динамичен изведувач, композитор и импровизатор, Дуковски е страстен застапник на современата и експерименталната музика.
