Aлкараз повторно e прв светски рекет
Шпанецот Карлос Алкараз повторно стана играч број 1 во светот. Тој го престигна Италијанецот Јаник Синер, кој падна на второто место.

Здружението на тениски професионалци (АТП) денес го ажурираше своето рангирање во поединечна конкуренција. Шпанецот Карлос Алкараз повторно стана играч број 1 во светот. Тој го престигна Италијанецот Јаник Синер, кој падна на второто место.
Топ 10 на најновата АТП ранг-листа објавена на 10 ноември:
1 (2). Карлос Алкараз (Шпанија) – 11.050 бодови
2 (1). Јаник Синер (Италија) – 10.000
3 (3). Александар Зверев (Германија) – 4.960
4 (5). Новак Ѓоковиќ (Србија) – 4830
5 (6). Бен Шелтон (САД) — 3970
6 (4). Тејлор Фриц (САД) — 3935
7 (7). Алекс де Минаур (Австралија) — 3935
8 (8). Феликс Оже-Алиасим (Канада) — 3845
9 (9). Лоренцо Мусети (Италија) — 3840
10 (11). Џек Дрејпер (Велика Британија) — 2990.
Фото: АТП
