Двајца директори на Би-Би-Си поднесоа оставки по критиките за уредувањето на говорот на Трамп
Скандалот во Би-би-си добива нови размери. Во тек е внатрешна истрага за начинот на кој радиодифузерот известува за климатските промени и енергетската политика, по низата контроверзии и обвиненија за неточности и пристрасност...

Скандалот во Би-би-си добива нови размери. Во тек е внатрешна истрага за начинот на кој радиодифузерот известува за климатските промени и енергетската политика, по низата контроверзии и обвиненија за неточности и пристрасност. Генералниот директор Тим Дејви и извршната директорка за вести Дебора Тернес си дадоа отказ.
Двајцата директори се соочија со критиките дека документарецот, „Панорама“, ги довел во заблуда гледачите со монтажа на говор на американскиот претседател.
Имено, говорот што Трамп го одржа на 6 јануари 2021 година, пред демонстрантите да упаднат во Капитол во Вашингтон бил монтиран и ја искривувал реалната слика. Шефот на Белта куќа ги оцени новинарите на британската телевизиска мрежа како корумпирани.
