4 нови случаи на заболени од жолтица во Скопје
02.09.2014 13:43
Заболените се од Кисела Вода, Чаир, Центар и од Шуто Оризари...

Во Скопје уште 4 нови случаи заболени од жолтица. Две деца на возраст од 10 години, едно лице на 29 години возраст и еден 60-годишник се хоспитализирани на Инфективната клиника.
Заболените се од Кисела Вода, Чаир, Центар и од Шуто Оризари.
Институтот за јавно здравје направи и проверка на работните површини во сендвичарницата во Драчево од кадешто деновиве се затруја 50-на лица.
Изолирана е бактеријата стрптококус фекалис во кечапот и во плескавиците.
