29. класа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ даде свечена заклетва
„Униформата која со гордост ја носите нека ве потсетува на одговорноста и вредностите што ги браните“ – порака од претседателката и врховната командантка на вооружените сили Гордана Сиљановска Давкова до питомците. 29-та класа на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ дадоа свечена заклетва.

За 30 години постоење на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, 29-та генерација питомци и слушатели на курс за офицери положија заклетва. 31 питомец по 4 години образование ќе станат старешини во армијата. 28 слушатели на курс за офицери и штабни службеници со професии потребни за одбраната, по шестмесечен курс ќе станат офицери. Новопримените питомци велат дека ја избрале војничката професија за да придонесат за одбраната, безбедноста на татковината.
Врховната командантка и претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за одбрана Владо Мисајловски на церемонијата на прием на новите питомци им порачаа достоинствено да ја носат униформата, да учат и се наградуваат со нови знаења и цврсто да стојат на бедемот на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.
На Воената академија не се образуваат старешини само за македонската армија, туку и за армиите на партнерските и сојузничките држави.
Ирина Гелевска
