Институтот за македонски јазик

Незадоволителен број студенти го изучуваат македонскиот јазик

10.11.2025 17:54

Литературниот македонски јазик мора да се говори за да опстои. Странцизмите сè почесто го уништуваат. Професорите апелира до младите да читаат книги за да го подобрат својот израз. На Светскиот ден на науката, отворени денови на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“...

Незадоволителен број студенти кои го изучуваат македонскиот јазик. На катедрата на Филолошкиот факултет, годишно се запишуваат речиси 20-тина студенти. Велат, љубовта кон јазикот е мотив да го учат, негуваат и надградуваат како аманет за следните генерации.

Најголем предизвик за јазикот е употребата на странските зборови и желбата на младите, модата, да говорат на еден од светските јазици.

Професорката Јачева – Улчар смета дека на научен план е потребна нова граматика.

На еден јазик му требаат борци во вид на зборувачи на јазикот. Потребни се стандарди, за младите да не ја напуштаат земјава, вели Јачева-Улчар. Само на тој начин македонскиот јазик ќе опстои.

За да го зачуваме македонскиот јазик потребно е да има говорители и јазикот да се негува. Од денеска до 14 – ти ноември Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ги организира 10. Отворени денови.

Ана Јосифоска