Чист воздух, редовен градски превоз, нови улици и паркови приоритети на новите градски власти
Тридневната генералка е интервентно решение, потребни се долгорочни решенија, вели претседателот на Советот на Град Скопје. Во Скопје проблем е и јавниот превоз. Приватните превозници од денеска со дел од автобусите се вклучени во сообраќај...

Во управувањето со отпадот сме на ниво нула, бидејќи до пред еден ден бевме на ниво минус еден. Тридневната генералка е интервентно решение, потребни се долгорочни решенија - вели претседателот на Советот на Град Скопје, повикувајќи ги општините да ги обезбедат потребните контејнери, а граѓаните да се вклучат во селектирање отпад. На отпадот, вели, треба да гледаме како на ресурс.
Во Скопје проблем е и како да се стигне до работа, факултет, училиште поради редуцираниот јавен превоз. Приватните превозници од денеска со дел од автобусите се вклучени во сообраќај, а дел се сервисираат. Но, Димитровски вели дека и најавените 55 автобуси се привремено решение.
Меѓу приоритетите при креирањето на новиот градски буџет се вложувањето во чист воздух, инфраструктурните проекти за изградба на мостови за полесно движење во градот, нови улици, нови автобуски линии, но и паркови.
Според градските власти, има добри законски решенија, потребно е реализација.
Александра Велинова
