Случај „Геријатрија“

Продолжи судењето за случајот во скопска Геријатрија

10.11.2025 18:33

Во скопскиот Кривичен суд продолжи судењето за случајот во скопска Геријатрија каде на обвинителна клупа седи ексдиректорот Мухсин Арифи и уште еден вработен во болницата. Им се суди за примање поткуп и награда за противзаконито влијание...

Блерим Амети, второобвинет во случајот „Геријатрија“ неколку пати се сретнал со жената од која, според обвинителството, барал пари во име на директорот за да згрижи болна пациентка. Се сретнале во кафуле, кај неа на работа и во нејзиниот автомобил кога му ги дала обележаните пари. Обвинителството низ фотографии и снимки обезбедени со посебни истражни мерки ги прикажа своите докази за корупција во Геријатриската болница.

На предлог на одбраната сослушан сведок. Изјави дека со поранешниот директор Мухсин Арифи се запознал преку Фејсбук. По замолница од поранешен колега му се јавил за прием на пациентка, истата за која, според обвинението, Арифи барал пари.

Судењето продолжува со сослушување на сведоци на одбраната.

 

Анита Димитријевска – Велковска