Македонија

Мечка нападна маж во прилепско Рилево

10.11.2025 18:50

Мечка нападна човек во Долненско, во прилепскиот регион. Жител на долненското село Секирци излегол да бери печурки, но го нападнала мечка. Поради тешките повреди е на лекување на скопските клиники. Ова е прв ваков случај во регионот …

Тешко и трауматично е искуството на 46-годишниот Ицко Милески од долненското село Секирци. Со својот пријател излегол во атарот на селото Рилево да бере печурки, кога го нападнала мечка.

На хируршкото одделение во прилепската болница констатирале тешки повреди на лицето, главата, раката и поради тоа веднаш е префрлен на клиниките во Скопје.

Според концесионерите во Долненскиот регион, досега не е забележан напад на мечка на луѓето. Тие ги гледале во околината, и со мали мечиња, но директен напад немало. Останува нејасно што ја предизвикало несреќата при вчерашната берба на печурки.

Инаку, мечката е заштитено животно со закон.

Елизабета Митреска