Скандалот во БИ-БИ-СИ добива нови размери, во тек е внатрешна истрага
Скандалот во БИ-БИ-СИ добива нови размери. Во тек е внатрешна истрага за начинот на кој радиодифузерот известува за климатските промени и енергетската политика, по низата контроверзии и обвиненија за неточности и пристрасност. Генералниот директор Тим Дејви и извршната директорка за вести Дебора Тернес си дадоа отказ по критиките за документарецот „Панорама“ за американскиот претседател …

Скандалот во БИ-БИ-СИ добива нови размери. Американскиот претседател Трамп најави тужба против мрежата откако генералниот директор Тим Дејви и извршната директорка за вести Дебора Тернес, кои поднесоа оставки. Тие се соочија со лавина критики за документарецот „Панорама“. Утврдено е дека говорот на Трамп е монтиран, два дела од обраќањето се извадени од контекст, што според претходната власт на Бајден, довело до насилен влез на демонстрантите во Капитол Хил во 2020.
„Беше привилегија во мојата кариера да бидам извршен директор на „БИ-БИ-СИ Њуз“ и да работам со нашиот брилијантен тим новинари. Се повлеков за време на викендот бидејќи одговорноста е моја. Но, би сакала да разјаснам едно нешто, БИ-БИ-СИ не е институционално пристрасен, затоа е најверодостојниот информативен медиум во светот“, рече Дебора Теренс, директорка на вестите на БИ-БИ-СИ во оставка.
Шефот на Белата куќа смета дека британската телевизиска мрежа е корумпирана, додека претседателот на управниот одбор на сервисот Самир Шах оцени-морало да се реагира порано.
„Првите луѓе во БИ-БИ-СИ, даваат отказ или се отпуштат, бидејќи се фатени како го „фалсификуваат“ мојот говор од 6 јануари. Благодарност до „Телеграф“ за разоткривањето на овие корумпирани новинари“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа.
Информацијата протече од британскиот дневен весник „Телеграф“, преку Мајкл Прескот авторот на доверливата информација. Прескот претходно работел како политички уредник во реномираниот „Сандеј тајмс“. Аферата предизвика реакции и кај поранешниот директор на телевизијата-за него не е спорно само лажното видео, туку и фактот што двајцата директори знаеле и молчеле со месеци.
„Тие присуствуваа на состанок пред шест месеци во мај 2025 година кога се дискутираше за тоа и не презедоа ништо во врска со тоа, напротив-тие молчеа“, рече Дени Коен, поранешен директор на телевизијата БИ-БИ-СИ.
Состојбата во британскиот јавен сервис не стивнува. Дополнително, во тек е внатрешна истрага и за начинот на којшто државниот радиодифузен сервис известува за климатските промени и енергетската политика, по низата противречности и обвиненија за непрецизност и пристрасност.
Катерина Бојаџиева
