кабинет

Претседателката Сиљановска-Давкова во посета на Ресен

11.11.2025 08:26

Како што информираат од претседателскиот кабинетот, Сиљановска-Давкова ќе оствари средба со градоначалникот Јован Тозиевски и со членовите на Советот на општината, ќе се сретне и ќе разговара со жители на Ресен.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во работна посета на Општина Ресен. Како што информираат од претседателскиот кабинетот, Сиљановска-Давкова ќе оствари средба со градоначалникот Јован Тозиевски и со членовите на Советот на општината, ќе се сретне и ќе разговара со жители на Ресен.

Предвидено е да ги посети Спомен музејот на Татарчеви и Домот на култура „Драги Тозија“.