Скопје

10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста во Скопје

11.11.2025 09:00

Со поддршка на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (MAECI) и Министерството за внатрешни работи, а во партнерство со Владата на Северна Македонија, денеска и утре во Скопје ја организираат 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста („Jumbo“)...

Советот за регионална соработка (RCC), со поддршка на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (MAECI) и Министерството за внатрешни работи, а во партнерство со Владата на Северна Македонија, денеска и утре во Скопје ја организираат 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста („Jumbo“).

Одбележувајќи ја својата 10-годишнина, овогодишната безбедносна конференција ќе ги собере министрите, високите владини претставници, меѓународните партнери и експертите за безбедност од целиот Западен Балкан и Европа за да разговараат за заедничките безбедносни предизвици, регионалната соработка и обновата на довербата и отпорноста.

Поздравни обраќања на конференцијата ќе имаат генералниот секретар на РСС Амер Капетановиќ, заменик-претседател на Владата на Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи, заменик-генерален директор за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи на Италија Стефано Гамбакурта и амбасадорот на Италија во Северна Македонија Паоло Палминтери.