Пет штабни офицери на АРМ на задача во Авганистан

02.09.2014 13:57

Како што соопшти ГШ на АРМ, тим од пет штабни офицери со различни специјалности, во наредните шест месеци ќе извршува задачи за обука, асистенција и советување на Авганистанските безбедносни сили...

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска имаше  средба со штабните офицери од составот на АРМ, кои во наредните шест месеци ќе бидат распоредени во рамките на регионалната команда на ИСАФ-Север, во Мазар Ел Шариф, Авганистан, која е во надлежност на Вооружените сили на Германија.
 
Како што соопшти ГШ на АРМ, тим од пет штабни офицери со различни специјалности, во наредните шест месеци ќе извршува задачи за обука, асистенција и советување на Авганистанските безбедносни сили.
 
Генералот Котески на штабните офицери им посака успешна работа, при што ги нагласи важноста, сериозноста и професионалното извршување на задачите.