САД

Сенатот го одобри законот за финансирање со кој се става крај на најдолгата блокада на буџетот на САД

11.11.2025 09:29

Со 60 гласа „за“ и 40 „против“, американскиот Сенат го усвои законот за финансирање со кој треба да заврши најдолгото затворање на владата...

Со 60 гласа „за“ и 40 „против“, американскиот Сенат го усвои законот за финансирање со кој треба да заврши најдолгото затворање на владата. Средствата се обезбедени за до крајот на јануари и исплата на федералните работници. Се очекува законот да помине во Претставничкиот дом уште утре, по што ќе биде потпишан од претседателот Трамп.

„Ова беше многу долг пат, најдолгото затворање во историјата. Многу сум среќен што можам да кажам дека се приближуваме кон крајот.

Договорот не го вклучи клучното барање на демократите за здравствена заштита, кое се очекува да биде разгледано во декември.