Сирија се приклучува на коалицијата предводена од САД против Исламска држава
САД ќе укинат дел од санкциите, ќе ѝ дозволат на Сирија да ја отвори амбасадата во Вашингтон, Ал-Шара се обврза на борба против милитантите и кршењето на човековите права...

Сирија ќе се приклучи на коалицијата предводена од САД за борба против Исламска држава, потврди Белата куќа по историската средба на сирискиот претседател Ахмед ал-Шара со Трамп.
САД ќе укинат дел од санкциите, ќе ѝ дозволат на Сирија да ја отвори амбасадата во Вашингтон и ќе ја следат обновата на земјата по 13-годишната војна. Ал-Шара се обврза на борба против милитантите и кршењето на човековите права.
„Сирија влегува во нова ера, која ќе се базира на нова стратегија со САД. Загубив многу од моите сили во борбата против ИСИС. Постојат причини за присуството на САД во Сирија со воени сили. Тоа треба да биде во координација со сириската влада. Разговаравме со претседателот и за иднината, за инвестициските можности во Сирија која повеќе не се гледа како безбедносна закана, туку како геополитички сојузник и место каде што САД можат да имаат одлични инвестиции, особено во екстракцијата на гас“, изјави Ахмад Ал-Шара, претседател на Сирија.
