Индија
Најмалку осум лица загинаа во експлозија на автомобил кај Црвената тврдина во Њу Делхи
11.11.2025 10:51
Полицијата покрена антитерористичка истрага, а безбедноста во градот е засилена...

Во Њу Делхи се одржуваат високи безбедносни состаноци по експлозијата на автомобил близу Црвената тврдина, во која загинаа 8 луѓе, а 19 беа повредени. Полицијата покрена антитерористичка истрага, а безбедноста во градот е засилена.
Според очевидци, возилото експлодирало по запирање на семафор, а од пожарот биле зафатени и околните автомобили.
„Бев на само 100 метри од местото на експлозијата кога се слушна силна експлозија, кога излегов видов автомобили во пламен, делови од тела насекаде“, вели очевидец.
Премиерот Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на загинатите.
