Корисни витамини во зимскиот период за посилен имунитет
Нашето тело има поголема потреба од витамини затоа што е поладно, има помалку сонце и често сме изложени на настинки и вируси. Витамините му помагаат на организмот да остане здрав, да има енергија и да се одбрани од болести.

Во зимскиот период, нашето тело има поголема потреба од витамини затоа што е поладно, има помалку сонце и често сме изложени на настинки и вируси. Витамините му помагаат на организмот да остане здрав, да има енергија и да се одбрани од болести.
Витамин Ц – го зајакнува имунитетот и помага побрзо да се закрепнеме од настинки. Го има во цитрусите (помфел, мандарини, лимон), киви, пиперки и зелка.
Витамин Д – телото го создава со помош на сонцето, но во зима сонцето е послабо, па треба да го внесуваме преку риба, јајца и млеко. Тој е важен за здрави коски и имун систем.
Витамин А – го чува видот и кожата. Се наоѓа во моркови, тиква, црвени пиперки и путер.
Витамини од групата Б – ни даваат енергија и помагаат нервниот систем да работи добро. Ги има во житарици, јајца, месо и мешунки.
Железото е енергетски минерал потребен за создавање на хемоглобинот, важен дел од црвените крвни зрнца. Хемоглобинот носи кислород низ телото и ја црпи енергијата од изворите на храна, па ако имате недостаток на железо, голема е веројатноста дека постојано ќе се чувствувате уморни.
Ова се клучни витамини кои играат важна улога во одржувањето на здравјето во текот на зимската сезона. Нивниот правилен внес, преку исхрана или суплементи, го поддржува имунолошкиот систем, придонесувајќи за подобро преживување во зима.
