Средба Муцунски- Дрекслер
Во фокус на разговорите одличните билатерални односи меѓу двете земји и можностите за нивно понатамошно продлабочување.

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер. Во фокус на разговорите одличните билатерални односи меѓу двете земји и можностите за нивно понатамошно продлабочување.
„Го истакнавме задоволството од континуираниот развој на соработката и од заедничките иницијативи во повеќе области. Посебен акцент ставивме на евроинтегративниот процес, реформите и силната поддршка што Германија ѝ ја дава на нашата земја на тој пат. Разменивме мислења и за идните можности за продлабочување на економската и трговската соработка, како и за други области од заемен интерес“, информираше Муцунски на социјалните мрежи.
