Македонија

Владата ќе именува повереници во општините каде изборите беа неуспешни

11.11.2025 15:40

Станува збор за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше, каде што не беше постигнат потребниот цензус за излезност во вториот круг од локалните избори.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата ќе именува повереници во општините каде што ќе се повтори изборниот циклус за локалните избори, откако ќе биде добиено официјално известување од Државната изборна комисија (ДИК).

Согласно законот, тоа ќе го направиме откако ќе добиеме известување од ДИК дека изборите се завршени и дека во тие четири општини се неуспешни. Потоа Владата ќе ги именува поверениците, изјави Мицкоски.

Станува збор за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше, каде што не беше постигнат потребниот цензус за излезност во вториот круг од локалните избори.

Според Изборниот законик, ДИК има рок од 15 дена по завршувањето на изборите да ја извести Владата, а Владата потоа во рок од 15 дена именува повереник кој ќе ги врши надлежностите на градоначалникот до распишување нови избори.