Волерс: САД веруваат дека Македонија ќе стане вредна членка на НАТО
Во пресрет на претстојниот самит на Алијансата беа реафирмирани евроатлантските вредности и посветеноста на Македонија за интеграција во НАТО.

Во организација на Eвроатлантскиот совет на Mакедонија се одржа конференција на тема- „Идното НАТО, предизвици и очекувања“.
„Знам дека ова не она што Македонците и Македонија сакаат да го слушнат, но мора да се разјасне дека нема план оваа година да се додадат нови членки на Самитот во Велс. Би сакал да додадам нови вести, но истовремено сакам силно да кажам дека САД верува дека Македонија ќе стане вредна членка на НАТО, но прашањето е кога. Останува посветени на нашата политика на отворени врати и ќе продолжиме да работиме со Република Македонија“, изјави амбасадорот на САД, Пол Волерс.
Во пресрет на претстојниот самит на Алијансата беа реафирмирани евроатлантските вредности и посветеноста на Македонија за интеграција во НАТО.
