Ирак

Парламентарни избори во Ирак

11.11.2025 14:46

Премиерот Ал-Судани бара втор мандат, но анкетите покажуваат дека нема да обезбеди мнозинство...

Парламентарни избори во Ирак. Се избираат нови 329 пратеници, во атмосфера на длабоко разочарување, ниска излезност и недоверба во системот обременет со корупција и странски влијанија. Премиерот Ал-Судани бара втор мандат, но анкетите покажуваат дека нема да обезбеди мнозинство.

Се очекуваат долги постизборни преговори, додека земјата се соочува со невработеност, нестабилност и борба за влијание меѓу САД и Иран.