Германската компанија „Костал“ во Охрид најавува нов циклус на инвестиции
Додека две компании од зоната во Бунарџик најавија заминување, до крајот на годинава се очекува потпишување на нови договори со четири до пет странски компании. И покрај стагнацијата на автомобилската индустрија на европскиот пазар, германската компанија „Костал“ во Охрид најавува нов циклус на инвестиции …

До крајот на годинава во земјава се очекуваат четири до пет нови странски инвестиции. Привршуваат преговорите со компаниите коишто треба да отворат нови 1.000 работни места.
Додека некои странски компании носат одлуки да ја напуштат земјава, засега две во зоната Бунарџик, наскоро ќе се потпишат договори со нови странски компании, најави премиерот Мицкоски.
И покрај стагнацијата на автомобилската индустрија на европскиот пазар, германската компанија „Костал“ во Охрид годинава ја завршува со 60% поголем приход од лани. Од компанијата најавуваат нов циклус на инвестиции.
„Ние одлучивме да со дополнителни инвестиции од над 30 милиони евра идната година со нови клиенти го шириме портфолиото како на клиенти, така и на производи, Сметаме дека она што беше план во изминатите години, некаде до 2027 година, ќе успееме и да имаме извоз и обрт поголем од 300 милиони евра. Со тоа ќе бидеме позиционирани како една од трите најголеми фабрики-извозници во македонската индустрија, но истовремено тоа значи квалитетни нови работни места во овие 200 вработени“, вели Виктор Мизо, директор на Костал.
Засега нема индикации дека други компании ќе се повлечат од пазарот и ќе ја напуштат земјава, според надлежните состојбата со индустриските зони е стабилна.
Соња Рилковска
