Стопирани ИПАРД- средства, загрозени проекти
МВР и Обвинителството за организиран криминал и корупција истражуваат дали е направена проневера со ИПАРД 3 програмата. Премиерот лично побарал да се стопира исплатата…

Премиерот Мицкоски лично побарал да биде запрена исплатата за ИПАРД 3 програмата, за да се утврдат сите злоупотреби и потенцира дека доколку се констатира вина, ќе има одговорност. Ваквиот чекор го поздрави Европската комисија.
„Од Европската комисија беше поздравена позитивната акција. Мора да видиме до каде оделе злоупотребите, бидејќи има информации дека тоа се случувало со години наназад. Ќе се истражи сè и сите вклучени ќе одговараат – од прв до последен“, изјави денеска Мицкоски.
Од Обвинителството велат дека три месеци наназад било истражувано дали има злоупотреби.
Известува Борис Грујоски
