Могерини: Ако не се реши спорот со името, можно е нарушување на внатрешната состојба во Македонија

02.09.2014 14:29

Таа посочи дека е потребно да се вложи поголем напор со цел да се реши деценискиот спор меѓу Македонија и Грција...

Министерката за надворешни работи на Италија и новатa претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, во Европскиот парламент предупреди дека ако набрзо не се реши наметнатиот спор за името со Грција, дека е можно нарушување на внатрешната состојба во Република Македонија.

Таа посочи дека е потребно да се вложи поголем напор со цел да се реши деценискиот спор меѓу Македонија и Грција.

Проширувањето е на агендата на италијанското претседателство со Европската унија, појасни Могерини, изразувајќи надеж дека се очекува решение на спорот за името со Грција, со цел Македонија да напредува во евроинтеграциите.