мвр

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

11.11.2025 16:06

Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава...

На 10.11.2025 во 15:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја. Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.

Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.

Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.