Фалкао со „деветка“ на грбот
Најголемото засилување на Манчестер Јунајтед, Колумбиецот Радамел Фалкао, одбра да го носи дресот со број 9, како што беше случај и најчесто досега во неговата клупска и репрезентативна кариера.
Две сезони ниту еден фудбалер на „црвените ѓаволи“ немаше „деветка“ на грбот, уште откако Димитар Бербатов си замина од „Олд Трафорд“ во 2012, па тоа само ја олесни нумерацијата. Интересна е историјата со „деветката“ во клубот, бидејќи претходно само четворица играчи на Манчестер Јунајтед од формирањето на Премиер Лигата го носеле дресот со овој број: Брајан МекКлер, Енди Кол и Луј Саха.

Најтрофејниот англиски клуб соопшти дека последното засилување Дејли Блинд го добил дресот со број 17. Претходно, легендарната „сеудмка“ му припадна на Анхел Ди Марија.
Аргентинецот веќе дебитираше во дресот на Манчестер, додека првите настапи на Фалкао и на Блинд за новиот клуб се очекуваат по паузата за репрезентативни квалификациски натпревари. По стартните три кола без победа, тимот на Луј Ван Гал на 14 септември ќе игра со Квинс Парк Ренџерс.